Провокациите на
теренот се составен дел од фудбалот, но Филипе Луис сега откако стави крај на
кариерата, откри дека еднаш претерал и побара прошка.
Поранешниот
фудбалер на Атлетико раскажа како на едно градско дерби против Реал Мадрид
упатил невкусни коментари за жената на Анхел Ди Марија и со леснотија ги добил
сите дуели против Аргентинецот.
„Ќе си ја отворам
душата и ќе го кажам најголемото каање во мојата кариера. Доколку има една
работа која жалам што сум ја направил, и би сакал да ја исправам, тоа е против
Анхел Ди Марија“ – вели Бразилецот.
„На еден
натпревар помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, Кун Агуеро ми кажа, „Ако му ја
спомнеш жената, ќе побудали“. Па упатив невкусни коментари за неговата жена и
тој се изгуби. Лесно ги добив сите дуели со него, го надмудрив цел натпревар“.
„Но кога дојдов
дома, толку многу се каев… па Ди Марија, навистина ми е жал што ти го
направив тоа, извини“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.