„Му благодарам на Лопетеги што ме оставаше на клупа, ја запознав љубовта на мојот живот“ (ФОТО)

by
4 минути читање

Луѓето често
велат во секое лошо има нешто добро и таква е приказната која на социјалните
мрежи ја сподели Сержо Оливеира, поранешниот фудбалер на Порто, кој сега ги
брани боите на Галатасарај.

Португалецот
открива дека ја запознал љубовта а неговиот живот благодарејќи на тренерот
Хулен Лопетеги, кој не му давал шанса во сезоната 2015/16 и го оставал да дреме
на клупа.

„Ја запознав
мојата сопруга (Кристина Переира) на „Драгао“. Му благодарам на Хулен Лопетеги
за тоа што секогаш ме оставаше на клупа. Најдобрата работа која можеше да ми се
случи!“
– вели фудбалерот од средниот ред.

„Малку фалеше да
го поканам да ми биде кум на свадбата“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани