Македонија Ѓорче Петров е пред промоција во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) откако одигра без голови на гостувањето кај Арсими, Башкими со многу мака го совлада Детонит со 3-2.
Македонија ЃП остана непоразена од Арсими, а ако до наредното коло ФФМ одлучи да не го регистрира мечот на Башкими со Кожув со постигнатиот резултат, тогаш ѓорчепетровци и пред последниот меч ќе слават промоција.
Башкими пред полни трибини со гол во самиот финиш дојде до победа од 3-2 над Детонит Плачковица.
Македонија ЃП е прва со 64 бода, Арсими има 62, а Башкими 60, но и натпревар помалку, нерегистрираниот со Кожуф.
Конечниот изгледа на табелата ќе зависи од одлуката на ФФМ за резултатот на мечот Кожуф – Башкими и евентуалната казна на кумановскиот тим.
Резултати 29. коло:
Арсими – Македонија ЃП 0-0
Башкими – Детонит 3-2
Беласица – Борец 1-1
Каменица Саса – Осогово 1-0
Новаци – Скопје 4-0
Охрид – Брегалница 0-1
Победа – Кожуф 1-2
Вардарски – Вардар Неготино 0-3
Табела: Македонија ЃП 64, Арсими 62, Башкими 60 (-1), Брегалница 58, Детонит 43, Каменица Саса 42, Охрид 42, Беласица 40, Кожуф 36 (-1), Скопје 36, Новаци 35, Вардар Неготино 35, Победа 32, Осогово 26, Борец 14, Вардарски 11.