1,8K
Несторовски заминува од Удинезе со кого му истекува договорот. Како заинтересиран за него се посочуваше Лече, но тие денеска и официјално се откажаа од трката по Македонецот.
Како опции се споменуваа англискиот Ватфорд како и заминување во Обединетите Арапски Емирати, но во игра може да се вклучи и Палермо.
Палермо преку плеј-офот избори место во Серија Б, Несторовски во овој клуб ја носеше и капитенската лента, беше голема ѕвезда, па едно негово враќање во Сицилија се чини дека би било полн погодок.
Несторовски таму ќе биде пречекан со воодушевување од навивачите, а тој ќе настапува на познат терен и ќе ги брани боите на клубот каде најмногу се прослави.
