Може ли Роналдо да го урне рекордот на Игуаин? Сари вели: Ако науми, тешко дека некој ќе го сопре!

by
1 минути читање

Португалецот синоќа постигна два гола во победата од 2-1 над Лацио и собори два рекорди. Кристијано Роналдо стана првиот во историјата кој може да се пофали дека постигнал 50 или повеќе гола во Премиерлигата, Ла Лига и Серија А.

Исто така, тој стана играчот кој најбрзо постигнал 50 погодока во Калчото, му беа потребни само 61 меч. Претходно рекордот го држеше Андриј Шевченко, кој 50 гола постигна на 68 меча.

Кристијано Роналдо исто така стана само третиот играч во историјата на Јувентус кој постигнал 30 погодока во една сезона, и прв во последните 68 години (Феличе Борел 31 гол во сезоната 1933/34 и Џон Хансен 30 гола во сезоната 1951/52).

До крајот на сезоната има уште 4 кола, па ЦР7 може да го собори и рекордот на Гонзало Игуаин и Џино Росети за најмногу погодоци во една сезона (36 гола).

„Навикнат сум да рушам рекорди и да испишувам нови. Да, рекордите се важни, но најважно е тимот да победува и да се освојуваат титули. Ние сме феноменална дружина и вечерва уште еднаш го покажавме тоа. Секако, целта е постојано да се подобруваме и да се ја поместуваме границата“ – вели Кристијано Роналдо.

„Рекордот на Игуаин? Да, ќе биде убаво доколку успеам да го соборам, ќе видиме…“

Запрашан на оваа тема, Маурицио Сари вели: „Роналдо е феномен, шампион од секој аспект: физичка подготвеност, техника и менталитет. Му нема рамен кога е во прашање опоравување по натпреварите. Нема нешто што не може да направи, па доколку науми да го урне рекордот на Игуаин, тешко дека некој ќе го сопре!“

„Би сакал да го одморам, но тој е во одлична форма и мислам дека нема да има потреба“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани