Мота: Се срамам од играта која ја прикажавме против Емполи!

by riste
1 минути читање

Јувентус беше исфрлен од Купот на Италија откако на пенали беше елиминиран од Емполи и тоа среде Торино.

Јувентус беше голем фаворит, но не успеа да стигне до полуфиналето, тренерот Тијаго Мото е разочаран од она што го виде.

„Се надевам дека критиките ќе бидат силни, публиката беше премногу љубезна кон нас по она што го видовме во првото полувреме. Верувам дека ќе има моментална реакција на играчите. Јас се срамам од она што го прикажавме на теренот, особено во првото полувреме, го допревме дното“, рече, меѓу другото, Мота.

За помалку од два месеца, Јувентус неславно го заврши настапот во три натпреварувања. Во Суперкупот на Италија загуби од Милан во полуфиналето, минатата недела беше елиминиран од ПСВ во плејофот од Лигата на шампионите, а синоќа од Емполи во четвртфиналето од Купот на Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани