Мота: Се мачевме во првиот меч со ПСВ сезонава, мора да бидеме комплетни за да победиме

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Јувентус во плеј-оф двомечот од Лигата на шампионите ќе се судри со ПСВ. Поради пласманот првиот натпревар „старата дама“ го игра на домашен терен, а реваншот на гости.

Пред натпреварот во Торино својот став го изнесе тренерот Тиаго Мота. Тој посочи дека се мачеле на лигашкиот дуел против ПСВ во ова натпреварување и дека мора да бидат на врвно ниво.

Посветеноста на моите фудбалери е максимална. Првиот натпревар го играме дома и мора да покажеме интензитет и динамика. Потребно е да бидеме на високо нив во двата меча за да се квалификуваме понатаму. 

Имавме добри моменти во лигашкиот дуел, ама се мачевме кога тие имаа топка. Сега гледам дека мојот тим е многу фокусиран и знае што треба да направи за да победиме. Мора да бидеме комплетни, во сите сегменти за да се радуваме“, изјави Мота.

Средбата на „Алијанц Стадион“ се игра во вторник во 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани