„Морав да лажам и да кажам дека Меси е подобар од Роналдо, инаку немаше да играм за Барса!“

by
1 минути читање

Во јануари 2019,
Кевин Принц Боатенг на големо изненадување го напушти Сасуоло и се пресели на
Камп Ноу.

Како гостин во подкастот
на Рио Фердинанд, поранешнииот фудбалер сега откри дека всушност бил голем фан
на Реал Мадрид, но морал да лаже и да не го каже ова, во спротивно никогаш
немал да го облече дресот на „каталонците“.

„Навивач сум на
Херта Берлин, каде што пораснав, и морам да им се извинам на навивачите на
Барселона, кои сигурно ќе ме мразат, навивам и за Реал Мадрид“
– вели Боатенг.

„Кога бев дел од
Барселона, не можев да го кажам ова, бидејќи немаше да играм. Три години претходно,
кога бев дел од Лас Палмас, ме прашаа кој е најдобар фудбалер во светот и тогаш
кажав, „во светот е најдобар Роналдо, во оваа галаксија е Меси“, потоа ме
прашаа кој е мојот омилен тим и кажав Реал Мадрид“.

„И кога потпишав
за Барса, прво прашање беше кој е твојот омилен клуб? И морав да кажам Барса.
Второ прашање беше кој е најдобар фудбалер во светот? Морав да кажам Меси“.

„Обично сум
искрен и ја кажувам вистината, но ова се едни од најголемите лаги“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×