Мората со гол во самиот финиш ја однесе Шпанија на фајнл-фор, Португалија не успеа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На Португалија и беше доволен само бод од овој натпревар, но не успеаа да дојдат до него.

Шпанија имаше иницијатива и напаѓаше, Португалија се обидуваше од контри. Португалците одолеваа во најголем дел од мечот, но примија гол кога најмногу болеше.

По една убава акција Алваро Мората постигна гол во 88. минута и донесе победа од 1-0.

Во вториот дуел Швајцарија со 2-1 ја победи Чешка.

Шпанија со 11 бодови заврши на првото место и заедно со Холандија, Хрватска и Италија ќе се бори за трофејот од Лигата на нации.

Португалија е втора со десет бода, Швајцарија е трета со девет, а Чешка со четири е на последното место и испаѓа во Лига Б.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани