Мората се преправеше дека е повреден, па се чудеше кога му кажаа дека дал гол (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид со 2-0 го совлада Елче и победа го започна продолжението од сезоната. 

Жоао Феликс го отвори резултатот по десетина минути игра во второто полувреме а трите бода ги осигура Алваро Мората во 74. минута.

Напаѓачот со два одлични дриблинзи влезе во шанса, и со многу доза на среќа постигна гол. Интересно е тоа што Шпанецот по шутот се преправеше дека е повреден и не виде дека блокираната топка всушност заврши во мрежата

Кога слушна дека стадионот се радува, стана и тргна да му честита на Антоан Гризман, но остана зачуден кога Французинот му кажа дека голот е негов.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×