Мората му даде три гола на Јувентус но не се радуваше многу (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус и
Атлетико Мадрид денеска требаше да играат во Тел Авив, но откако ескалираше
ситуацијата во Израел, двата клуба од безбедносни причини го откажаа
натпреварот и решија да тестираат во тренинг центарот на „старата дама“ во
Торино.

Натпреварот
заврши со победа на Атлетико Мадрид од 0-4, Алваро Мората три пати ја тресеше
мрежата на Јувентус, но не се радуваше многу.

Напаѓачот ова
лето се врати во Атлетико откако помина две години на позајмица во Јувентус,
„старата дама“ имаше опција да го купи за 35 милиони евра, но сметаше дека оваа
сума е привисока.

Се говореше дека
пријателскиот натпревар ќе биде искористен за нова рунда преговори, но прашање
е дали Атлетико Мадрид ќе сака сега да даде попуст.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани