Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан ја одредил цената за својот напаѓач Алваро Мората и заинтересираните клубови ќе мораат да издвојат помеѓу 15 и 18 милиони евра ако сакаат да го доведат во своите редови.
Оваа одлука на „росонерите“ доаѓа по шпекулациите дека Комо е сериозно заинтересиран за шпанскиот голгетер, со амбиција да состави конкурентен тим за новата сезона.
Мората во моментов се наоѓа на позајмица во Галатасарај, која е договорена до јануари 2026 година. Сепак, па така за каков било трансфер ќе биде потребен и договор со турскиот клуб околу евентуално предвремено раскинување на заемот.
Според информациите на „СпортМедиасет“, Милан нема да преговра за сума под 15 милиони евра.
Комо, покрај Мората, го има на радар и крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Антони. Но, трансферот на Бразилецот е под прашалник бидејќи тој сака да се врати во Бетис, каде ја оживеа својата кариера во втората половина од минатата сезона.