Договорот на Мората со Атлетико Мадрид истекува во јуни 2024 година, и „Газета дело Спорт“ пишува дека тој би можел летово да си замине за 15 милиони евра.
Тој е цел на Милан, росонерите сакаат со Мората да ја засилат напаѓачката линија.
Но, за Шпанецот има понуди и од МЛС кој се подготвени да му понудат добар договор.
Мората во два наврати беше во Јувентус на по две години, па многу добро ја познава лигата во Италија.
Интерес има и кај Јувентус за Мората, но ќе треба да си ги намали барањата за плата. Иднината не Јуве во моментов е неизвесна и големи се шансите да не играат во Европа следната сезона.
Milan, in testa c’è #Morata. E il contratto è un assist al Diavolo #acmilan #morata #calciomercato https://t.co/eCC20gNidB
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) March 24, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.