Моралес: Го разбирам Барди ако сака да си оди, но јас сакам да остане

by
1 минути читање

Барди игра одлична сезона во Леванте, тој е мета на Арсенал, но неговото име се поврзува со уште неколку екипи како Фиорентина, Ајнтрахт, Штутгарт, Фенербахче и Галатасарај.

Покрај Барди интерес има и за Кампања и Аитор, па капитенот на Леванте, Хозе Моралес од шпанските медиуми беше запрашан што мисли за нивната ситуација.

„Разбирам ако тие сакаат да си одат, бидејќи сите тројца имаат одлична сезона и се многу значајни играчи за нас. Како капитен би сакал сите тројца да останат, би било штета доколку ги загубиме. Но таков е фудбалот, кога перформансите на играчот се зголемуваат, нормално е клубови од повисоко ниво да почнат да се интересираат за него“, вели Моралес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани