Мопе е душманот на Арсенал, им даде гол за победа на Брајтон во 95. минута и го повреди Лено (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По поразот од Манчестер Сити, уште еден загубен меч за Арсенал по враќањето на фудбалот во Англија, овој пат со наведната глава го напуштија стадионот на Брајтон.

И повторно загубија играч поради повреда, во 40. минута голманот Лено мораше да го напушти голот по дуел со Неал Мопе кој на крајот се покажа и како херој за Брајтон.

Резултатот беше отворен во 68. минута кога Пепе постигна прекрасен гол за водство на Арсенал од 1-0.

Но водството на топчиите не траеше долго, во 75. минута Данк го изедначи резултатот на 1-1.

Се очекуваше со тој меч и да заврши мечот, но по една одлична акција Неал Мопе погоди за победа на Брајтон од 2-1.

По последниот свиреж на судијата се направи и гужва на теренот откако фудбалерите на Арсенал се обидоа и физички да се пресметаат со Мопе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×