Селекторот на турската фудбалска репрезентација, Винченцо Монтела, ден по убедливата победа од 4-0 против Македонија, го соопшти конечниот список на фудбалери кои ќе ја претставуваат Турција на претстојното Светско првенство.
Турската селекција се враќа на мундијалската сцена по пауза од 24 години, откако последен пат настапи на Светско првенство во 2002 година.
На списокот на Монтела се наоѓаат 26 играчи, а главни адути на националниот тим ќе бидат младата ѕвезда на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, талентираниот напаѓач на Јувентус, Кенан Јилдиз, како и искусниот Хакан Чалханоглу од Интер.
Турција настапот на Светското првенство, кое стартува на 11 јуни, ќе го започне во група во која за противници ќе ги има селекциите на Шведска, Холандија и Јапонија.
