Барселона синоќа потврди дека има договор за трансфер на Жил Кунде, дефанзивецот треба само да ги помине редовните лекарски прегледи и да стави потпис на документите.
Спортскиот директор на Севиља, Мончи сега раскажа што се случувало изминативе денови и откри дека минатата недела (во четвртокот) била договорена продажба на Жил Кунде во Челси.
„Минатиот четврток, Кунде беше продаден на Челси, постигнавме договор со Челси и Челси се договори со играчот. Но тие покажаа одредно двоумење и потоа Барса се појави. Матеу Алемани за прв пат оствари контакт со мене во понеделникот“ – вели Мончи.
„Добивме понуда која сметавме дека не доволно добра, но успеавме да се избориме за сума која е рекордна продажба на клубот“.
„Челси повторно тропна на вратата, но понудата беше пониска од онаа на Барса. Исто така, Кунде веќе имаше одлучено дека сака во Барса“.