Монца слави историска прва победа против Милан: Ова е за Берлускони! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во последниот
натпревар од 25. коло во Серија А, Монца издвојува историска победа и за прв
пат се радуваше на триумф во пресметките со Милан.

Песина од пенал
во 45. минута најави изненадување, а длабоко во судиското надополнување на првиот
дел, Дани Мота зголеми на 2-0.

Лука Јовиќ во 53.
минута доби директен црвен, но и со играч помалку, Милан успеа да се врати, Жиру
намали на 2-1 во 64. минута, а Пулишиќ изедначи на 2-2 во 88. минута.

Сепак, домаќините
зададоа нов удар, Бондо во 90. минута ги врати во предност од 3-2, а во 95. минута,
Коломбо ја потврди победата и конечните 4-2.

По крајот на
натпреварот, тренерот Паладино рече: „Оваа победа е за нашиот голем претседател
Силвио Берлускони, сигурно ќе беше многу среќен од борбата што ја прикажаа
момците против „неговиот“ Милан“.

„Навистина сме
среќни, но не смееме да летаме во облаци и треба да продожиме да бележиме
прогрес“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×