Монако на Јуве му го украде најголемиот италијански талент

by
1 минути читање

Напаѓачот, кој е роден во 2001, минатата година испиша нова историја во Колчото откако стана најмладиот стрелец во Серија А со само 16 години.

Па за неговите услуги интерес пројавија најголемите клубови од Италија како Јувентус, Интер и Милан.

„Старата Дама“ изминатиов период се обидуваше да стигне до услугите на Пјетро Пелегри, но Монако успеа на „Бјанконерите“ да им го украде најголемиот италијански талент.

Како што пишуваат медиумите од „Чизмата“, клубот од малото кнежевство доставил понуда од околу 22 милиони евра, која со бонуси може да се искачи и до 30 милиони евра. Јувентус не сака аукција и да почне наддавање (нивната понуда беше 10 милииони евра плус бонуси), па клубот од Луј Втори Стадионот ја добива битката за вундеркидот на Џенова.

Пјетро Пелегри веќе е во Монако, напаѓачот наскоро треба да ги помине редовните лекарски прегледи и да стави потпис на пет годишен договор според кој ќе заработува 1 милиони евра по сезона.

Џенова исто така ќе добие и 10% од следниот трансфер доколку Монако во иднина го продаде голгетерот за сума поголема од 40 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани