Момчиња родени во 2004 се херои на Дортмунд, донесоа пресврт и победа против Фрајбург (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На отварањето на
второто коло во Бундеслигата, Борусија Дортмунд ги освои трите бода во
пресметката со Фрајбург.

Домаќините
поведоа во 35. минута, Грегорич одлично се снајде и со глава ја затресе мрежата
на „милионерите“ за 1-0.

Сепак, во завршницата
од мечот гостите стигнаа до пресврт а херои се две момчиња родени во 2004 година.

Најпрво 18
годишниот Џејми Бино Гитенс погоди од 20 метри со помош на домашниот голман,
кој реагираше неспретно и дозволи топката да му мине низ раце, за потоа во 84. минута
по една убава акција, 17 годишниот Јусуф Мукоко да реализира за 1-2.

Во 88. минута, Волф
убаво пласираше и ја потврди победата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани