Моќно издание на Барселона против Атлетик Билбао (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона одлично се рехабилитира од тешкиот период, каталонците играат добар фудбал во последните два меча од Ла Лига.

Вечерва со убедливи 4-0 беа подобри од Атлетик Билбао.

Резултатот беше отворен во 12. минута кога по асистенција од Левандовски, Дембепе постигна гол за водство од 1-0.

Шест минути подоцна Серхи Роберто даде гол и ја зголеми предноста на Барса на 2-0.

Во 22. минута Дембеле ја возврати асистенцијата на Левандовски кој постигна одличен погодок за 3-0. Веќе беше јасно кој ќе го добие мечот.

Течеше 73. минута кога Дембеле запиша уште една асистенција, овојпат за Феран Торес за конечни 4-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани