Њукасл имаше импресивен старт на новата сезона во Премиерлигата, момците на Еди Хау ја растурија Вила.
Тонали уште во шестата минута со гол по асистенција на Гордон ја најави победата. Одличен старт за Италијанецот во Англија.
Само пет минути подоцна Диаби по додавање од Воткинс изедначи на 1-1, но тој резултат не траеше долго.
Во 16. минута Исак постигна гол и ја врати предноста на Њукасл, овојпат од 2-1.
Најлошиот момент не беше поразот за Астон Вила, туку повредата на Мингс која се случи во 31. минута. Се чини дека дефанзивецот на гостите заработи тешка повреда на коленото, можеби и кинење на лигамент.
Во 58. минута Исак даде уште еден гол, погоди со прекрасен лоб за предност од 3-1 на Њукасл.. Имаше шанси и за хет-трик, но не дојде до него поради одличните интервенции на Мартинез.
Во 77. минута Калун Вилсон зголеми на 4-1, а конечните 5-1 ги постави Барнс во првата минута од судиското продолжение.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.