Мојс ќе го предводи Вест Хем викендов преку платформата „Зум“

by
1 минути читање

По поразите од
Арсенал, односно Њукасл, Вест Хем во недела на домашен терен во третото коло од
новата сезона во Премиерлигата на домашен терен ќе го пречека Вулверхемптон во
обидот да дојде до првите бодови.

Како што е
познато, шефот на стручниот штаб на Вест Хем, Дејвид Мојс е заразен со
коронавирус, меѓутоа, неговиот асистент Алан Ирвајн вели дека Мојс и покрај тоа
ќе биде предводник на составот од Лондон, и тоа преку „Зум“.

Дејвид ќе го
предводи Вест Хем на претстојниот меч, се
што ќе одлучиме ќе оди преку него“ вели Ирвајн.

Тој ќе ги носи
одлуките за натпреварот, ништо нема да се промени, исто како и оваа
пресконференција, јас сум само преносителот на пораките, разговарав и со
фудбалерите, во добра состојба се, но фрустрирани поради фактот што не се во
можност да настапат, го разбирам сето тоа, дополнително фрустрирачки е фактот
што не чувствуваат ништо лошо на себе
“ додаде тој.

Освен Мојс, Иса
Диоп и Џош Кулен беа приморани да отпаднат од комбинација поради фактот што на еден
час пред мечот во Карабао купот против Хал дознаа дека се позитивни на тестирањето
за ковид-19.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани