Модриќ во јануари се сели во гигант од Премиерлигата?

by
1 минути читање

Наводно, Манчестер јунајтед размислува да ја искористи позицијата на Модриќ во Реал Мадрид и да го донесе на Олд Трафорд во јануари.

Без разлика на тоа што има 38 години, Модриќ сака постојано да игра, да има континуитет на натпревари, а на почетокот од сезоната не го добива тоа во Реал Мадрид, па Хрватот и јавно проговори дека е незадоволен од статусот.

И покрај вестите дека тој ќе остане до крајот на сезоната во Реал Мадрид, некои медиуми веруваат дека Модриќ би заминал и во јануари доколку добие интересна понуда.

Една таква може да му испрати Манчестер јунајтед кој има лоша сезона и сака да посегне по фудбалер кој може да направи разлика и да има влијание кај целиот тим.

За Модриќ ова би било враќање во Премиерлигата, тој во Реал Мадрид замина од Тотнем.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×