Модриќ со емотивна порака до Марсело: Имаше легендарна кариера…

by 24 фудбал
1 минути читање

Бразилскиот легендарен бек Марсело на 36-годишна возраст реши дека е време за спортска пензија.

Човекот кој за 15 години во Реал Мадрид освои 25 трофеи, по последната авантура со Флуминенсе и освоената Копа Либертадорес реши дека е време за крај. Еден од најтрофејните фудбалери во историјата оваа сезона немаше клуб и објави пензија.

Емотивна порака до својот долгогодишен соиграч испрати Лука Модриќ, кој напиша:

Имаше легендарна кариера која се споредува само со најдобрите на светот. Многу сум среќен што така долго ја делев соблекувалната со тебе, уживавме и заедно славевме многу победи во Реал Мадрид. Ти посакувам се најдобро во новото поглавје. Те сакам!“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани