Модриќ призна каде погрешил и откри дали поради Реал ќе се откаже од Хрватска

by
2 минути читање

Лука Модриќ
денеска се појави пред новинарите во пресрет на дуелот против Ливерпул во
Лигата на шампиони. Една од темите на разговор беше падот во формата на
фудбалерот од средниот ред.

„Се подобар сум
по Светското првенство. Направив грешка што решив веднаш да играм наместо да
одморам и да одработам специфична програма. Но кога тренерот ќе побара од вас
да играте, секогаш велите ДА. Мундијалот во Катар малку ме исфрли од ритам, но полека
се враќам на моето ниво, се надевам дека ќе продолжам вака до крајот на сезоната“
– вели Лука Модриќ.

Запрашан за
иднината и дали ќе стави потпис на нов договор, Хрватот вели: „Се уште не сум
разговарал со клубот, можам само да кажам дека сум спокоен. Се чувствувам добро
и сакам да продолажм во Реал Мадрид. Ќе треба да седнеме и да разговараме, да
видам какви се плановите на клубот. Сакам нов договор бидејќи го заслужувам, не
сакам да го добијам на подарок. Без разлика што ќе се случи, нема да се промени
мојот однос со Реал, ова е клубот на мојот живот“.

Се шпекулира дека
еден од условите кои Реал Мадрид ги поставил за продолжување на соработката е
Лука Модриќ да се повлече од репрезентацијата на Хрватска.

„По Светското
првенство решив дека ќе продолжам до финалето во Лигата на нации. Потоа ќе
видиме што ќе се случи… Не сум размислувал многу, немам ништо одлучено. Реал
Мадрид никогаш не побарал од мене да не играм за Хрватска. Стелот на клубот не е таков, да поставува ултиматум“.

„Во секој случај,
Хрватска не влијае на моите перформанси во Реал. Луеѓето зборуваат за моите
години, но до сега постојано покажувам дека можам да настапувам и за репрезентацијата
и за клубот“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×