Модриќ ќе го соблече дресот на Хрватска по Еуро 2024

by
1 минути читање

Познатиот хрватски портал, повикувајќи се на свои информации од опкружувањето на Модриќ и хрватската соблекувална, капитенот и најдобриот хрватски фудбалер на сите времиња е решен да одигра уште една година за Хрватска и претстојниот континентален шампионат да биде негов последен настап во 18-годишната кариера.

Модриќ има 165 настапи за Хрватска за која дебитираше уште во 2006 година, но многумина најавија можна пензија од националниот дрес после загубеното финале од Шпанија, што можеби беше и последната шанса за пехар во величенствената кариера по среброто (2018) и бронзата (2022) на последните две Светски првенства.

Модриќ во неделата најави дека донел одлука, но допрва треба да се види дали е тоа продолжување на настапите за Хрватска, нешто што го посакуваат сите во неговата земја или ќе го препушти местото на некој од помладите. Селекторот Златко Далиќ посочи дека Модриќ сѐ уште не ја завршил својата мисија и дека сѐ уште ѝ е потребен на Хрватска.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани