Модриќ имал расправија со Анчелоти: Едноставно, нè e*еш!

by 24 фудбал
1 минути читање

По цели 13 години во дресот на Реал Мадрид, Лука Модриќ летово става крај на мадридската етапа од кариерата. Хрватскиот плејмејкер се сели во Милан, а заминува во момент кога во клубот започнува нова ера под водство на Чаби Алонсо.

Шпанската „Дефенса централ“ објави интересни детали од првиот контакт меѓу Модриќ и новиот тренер на „кралевите“. Наводно, Хрватот веднаш бил импресиониран од идеите и начинот на работа на Алонсо, што му го кажал и директно. Истовремено, истиот медиум тврди дека искусниот играч за врска не ја криел ниту фрустрацијата од соработката со Карло Анчелоти. Во една прилика наводно му рекол:

Ти, едноставно не е*еш на овој начин“, алудирајќи на незадоволството од тактиките кои Италијанецот ги применуваше минатата сезона.

Реал Мадрид на крајот остана без трофеј, тимот изгледаше неубедливо и неорганизирано, а управата реши дека е време за промени. Анчелоти замина, Чаби Алонсо дојде, а со него и серија новитети во екипата. Дел од тие промени се и заминувањата на Лука Модриќ и Лукас Васкез – двајца ветерани кои повеќе нема да бидат дел од соблекувалната на „Сантијаго Бернабеу“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×