170
Хрватот е пример за другите и во репрезентацијата и во клубот. Многу видеа досега покажале колку е важен Модриќ во соблекувалната на Реал Мадрид.
„Дефенса Сентрал“ кој е медиум близок до Реал Мадрид открива дека Модриќ му се понудил на Карло Анчелоти да се врати и да го игра натпреварот против Виљареал на 30 декември кога продолжува Ла Лига.
Анчелоти бил позитивно шокиран од зборовите на Модриќ и му рекол: „Лука, се за*баваш со мене! Одмори се, цело Светско првенство го одигра“.
Ова е само уште еден пример за професионалноста на Лука Модриќ и тоа дека е фудбалер кој е пример за помладите.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.