Модриќ го напушти теренот поради повреда на мечот со Џирона. Тој нема да игра на следните два меча за Реал Мадрид против Алмерија и Реал Сосиедад, а во трка со времето е за финалето од Купот на Шпанија.
„Тој има мала повреда и се зависи од тоа како ќе се развива. Не знам дали би бил фит за финалето од купот, мора да го следиме. Се надевам дека ќе се опорави навреме“, вели Анечлоти.
Поважно за Реал Мадрид е Модриќ да биде подготвен за полуфиналните дуели од ЛШ против Манчестер Сити кои се по финалето од купот.
„Тој е многу важен фудбалер, никој не може да го замени во поглед на искуство на таквите натпревари, но не се жалам, бидејќи имаме играчи од средниот ред кои се на највисоко ниво“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.