346
Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота не криеше дека Федерико Киеза е некој на кого не смета за новата сезона и јасно му порача да си бара нов клуб.
Италијанските медиуми по ваквата изјава на Мота објавија информација дека Киеза во ваква ситуација е спремен да направи големо „предавство“.
Наводно, Италијанецот би можел да ја прифати понудата од Интер, најголемиот ривал на клубот од Торино.
Јувентус не се очекува да бара премногу за Киеза и сумата која што се споменува е околу 20 милиони евра што е прифатливо за „нероаѕурите“.