Многумина го видоа во Саудиска Арабија, но Алегри има други планови: Одби 100 милиони и останува во Јувентус

by
1 минути читање

Макс Алегри ја
одбил и втората понуда од Саудиска Арабија, ваква информација попланево објави
Спортмедиасет.

Арапите во прв
момент на маса ставија тригодишен договор со плата од 20 милиони евра по
сезона, а откако не успеаја да го примамат, се вратија со нов уште побогат
предлог, односно тригодишен договор со плата од 30 милиони евра по сезона
(одредени извори говореа и за бонус од 10 милиони евра со што целата сума ќе се заокружи на 100 милиони евра).

По предлогот
тежок 100 милиони евра, многумина веќе го видоа Макс Алегри во Саудиска Арабија
но Спортмедиасет вели дека стратегот повторно кажал НЕ и размислува само на
новата сезона со Јувентус.

Макс Алегри веќе го дизајнирал новиот Јувентус со спортскиот директорот Џовани
Мана и се чека пристигнувањето на Кристијано Џунтоли од Наполи за да се почне
со сериозна работа на трансфер пазарот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани