Многу солзи на Сан Сиро, Ибра најави пензија: Дојде време да му кажам збогум на фудбалот… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ноќ полна со
емоции на Сан Сиро, Златан Ибрахимовиќ неочекувано најави крај на кариерата,
добар дел од навивачите па и играчите на Милан беа во солзи.

„Многу спомени и
емоции на овој стадион“
– почна Ибра.

„Кога пристигнав
првиот пат ми дадовте среќа, вториот пат ми дадовте љубов. Сакам да му се
заблагодарам на семејството и на луѓето блиски до мене за трпението. Сакам да му
се заблагодарам и на моето второ семејство, играчите, тренерите и персоналот.
Сакам да им се заблагодарам и на директорите за укажаната шанса“.

„За крај, сакам
од срце да им се заблагодарам на навивачите. Ме пречекавте со отворени раце и
ќе бидам Миланиста цел живот“.

„Дојде време да
му кажам збогум на фудбалот. Навистиан е тешко, има многу емоции. Форца Милан и
збогум“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×