Уругвај беше подобар од Италија и заслужено дојде до трофејот иако голот падна во самиот финиш од натпреварот. Во 86. минута Лусијано Родригез најдобро се снајде во една мешаница и постигна гол за победа од 1-0.
DE ESTE GOL NO TE OLVIDAS NUNCA MAS PIBE!
CUANDO TE NECESITAMOS APARECISTE
LUCIANO RODRÍGUEZ pic.twitter.com/bHET08sbT6
— Garra Charrúa Fútbol (@garracharruafut) June 11, 2023
Можеше Уругвај и полесно и порано да го реши мечот, но недостигаше завршница на многуте акции, но на крај заслужено се радуваат на шампионскиот трофеј во своето трето финале во историјата после загубените две во 1997 и 2013 година. Да е успехот поголем, Уругвајците од седум меча добија дури шест без примен гол, а само Англија успеа да им ја погоди мрежата и тоа трипати во победата со 2-3.
Уругвај е третата јужноамериканска земја која освојува светска младинска титула после шест на Аргентина и пет на Бразил во 23 изданија на полуларното Мундијалито.
За Италија ова беше прво финале по две загубени полуфиналиња по ред, а за утеха Чезаре Касадеи, фудбалерот на Челси е најдобар стрелец (седум гола) и најдобар фудбалер на овој шампионат, додека голманот Стефано Деспланш беше прогласен за најдобар голман на шампионатот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.