Фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа на гостувањето кај Валенсија со 0-2 во рамки на 34. коло од Ла Лига, во натпревар кој повеќе значеше за домаќинот во битката за опстанок.
Тренерот Диего Симеоне реши да ротира и да одмори дел од првотимците пред реваншот против Арсенал во Лигата на шампионите, а шансата одлично ја искористија младите фудбалери.
Атлетико го реши мечот во самиот финиш, кога во 74. минута дебитантот Икер Луке погоди за водство, а само осум минути подоцна младиот Мигел Кубо ги постави конечните 0-2.
Со оваа победа Атлетико останува во сигурната зона за Лигата на шампионите и е четврти со 63 бода, додека Валенсија е 13. со 39 бода и ја очекува неизвесна завршница во борбата за опстанок.