Митровиќ може да се врати во Европа?

by Стефан
0 минути читање

Капитенот на репрезентацијата на Србија, Александар Митровиќ би можел повторно да се врати во Европа и тоа во турскиот фудбал.

Според последните информации интерес за Митровиќ кој игра солидно во Саудиска Арабија и постигнува голови покажал Бешикташ кој од клупата е предводен од Оле Гунар Солшер.

Солшер сака Бешикташ да му обезбеди тим со кој наредната сезона ќе може да биде конкурентен на Галатасарај и Фенербахче кои се „одлепија“ од останатите екипи во турското првенство.

На табелата сезонава Бешикташ е петти со 50 бодови и натпревар помалку од Самсунспор и Ејуоспор кои се пред избраниците на Норвежанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани