Александар
Митровиќ сепак заврши во Саудиска Арабија, доцна вечерва трансферот беше
потврден и од Фулам и од Ал Хилал.
Србинот минатиот
месец дури штрајкуваше но Фулам одби да го продаде, сепак откако Ал Хилал се
врати со повеќе пари, клубот од Лондон даде зелено светло за трансфер.
Фулам брифираше
дека се работи за рекордна продажба, а според пишувањата на медиумите, се
работи за зделка од 46 милиони фунти (нешто над 52 милиони евра), иако има и
извори кои пренесуваат за зделка од 52 милиони фунти (нешто над 60 милиони
евра).
Александар Митровиќ
покрај тоа што ќе игра во нападот заедно со една од најголемита ѕвезди на
денешницата Нејмар, ќе има и убава плата од 20-25 милиони евра по сезона.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.