Митровиќ: Еден од најтешките порази во мојата кариера, се чувствувам празно…

by
1 минути читање

Србија имаше разочарувачки настап на Светското првенство, освои само еден бод и како последна го заврши Мундијалот. Особено тежок за Србите е поразот од Швајцарија на која сакаа да ѝ се одмаздат за поразот на претходното првенство.

„Зад нас е тежок натпревар, исто така тежок ден за нашиот тим, народ… Очекувавме повеќе, ова е еден од најтешките порази во мојата кариера. Не знам што би кажал… Се чувствувам празно, сега ни останува сериозно да ги анализираме причините за неуспехот“, вели Митровиќ.

„Во второто полувреме мораше многу подобро да играме. Физички имавме доволно енергија, но… Направивме многу грешки, недозволени за оваа фаза од натпреварувањето. Не би се сложил дека бевме под нивото на квалификациите, Мундијалот бара многу повеќе. Тука се кријат некои од причините, ни останува сериозна анализа. Тешко е сега да зборуваме. Имавме одличен амбиент, како ниту една генерација досега“.

Митровиќ му даде поддршка на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, смета дека тој треба да остане на функцијата.

„Не верувам дека селекторот Драган Стојковиќ ќе ја плати сметката. Нема причина за драстични промени. Селекторот создаде група, екипа, одлично нѐ води и сетоа тоа се причини за тој да остане. Секако, со максимална поддршка на нацијата и целата репрезентација“, смета Митровиќ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани