Мируваа мрежите во првото полувреме на пријателскиот меч меѓу Македонија и Турција

by
2 минути читање

Мируваат мрежите
по првите 45 минути игра на контролниот натпревар во Скопје помеѓу Македонија и
Турција.

По почетниот
притисок на гостите, нашите репрезентативци се ослободија од товарот кој им го
нанеа нивните противници и за момент ја презедоа контролата на играта во своја
корист.

Македонија прва
поведе во 19. минута, но голот беше поништен поради офсајд ситуација, Даниел Мојсов за момент ја крена на нозе публиката на арената.

Веќе во 25. минута
нашите фудбалери дојдоа до одлична прилика преку полу контра да го загрозат
голот на противникот, но Хасани упати брза топка кон Алиоски кој за жал не
успеа да ја стигне.

Во самиот финиш Турците имаа изгледна прилика но нашата одбрана ја расчисти опасноста, таа се
префрли на спротивната страна но Пандев не беше умешен во контра нападот, со
тоа што пропадна навистина убава прилика за нашите фудбалери.

Избраниците на
Игор Ангеловски продолжија со мини доминација, со убав допадлив технички
дотеран фудбал, но не го најдоа патот до мрежата од голот на противникот. Ќе
одбележиме дека на тактички план, нашата репрезентација е навистина добро
поставена.

За одбележување е
тоа што и покрај симболичните цени на билетите за овој меч, трибините на
арената во Скопје се речиси празни, гостите имаат голема поддршка од трибините.

Ова е осма
меѓусебна пресметка помеѓу Македонија и Турција, нашиот ривал има далеку
подобар биланс, зад себе има запишано 5 победи, една средба заврши нерешено,
додека Македонија има само една победа во дуелите со Турција, вечерашната е
нова можност за подобрување на билансот во меѓусебните дуели со оваа селекција.

Македонија: Димитриевски, К. Ристевски, Мојсов,
Шиков, Алиоски, Пандев, Хасани,Ристовски С., Стјепановиќ, Спировски и
Несторовски.

Турција: Бабакан, Којбаши, Чолак, Туфан, Ѓонул,
Туран, Сахан, Мали, Сојунчу, Ајхан.

Дуелот со Турција
е само увертира за следниот предизвик за нашите сениори, односно дуелот со
Шпанија во рамките на квалификациите за СП Русија 2018.

 

Фото вест: ФФМ (Архива)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани