Роналд Куман инсистира на ангажман на Мемфис Депај, па раководството на Барса е во контакт со Лион во обид да ја најдат идеалната формула за трансфер.
Последните гласини велат дека „каталонците“ го нудат Самуел Умтити за да ја намалат цената на Холанѓанецот. Според пишувањата на новинарот Џанлука Ди Марцио, се размислува за зделка од 20-25 милиони евра, плус услугите на дефанзивецот. Сепак, проблем е високата плата на Французинот, како и големиот број на повреди.
Минатото лето, дефанзивецот исто така беше на излезна врата, но тогаш Барселона постави цена од 60 милиони евра, и ниту еден клуб не беше подготвен да одвои ваква сума.
Во јануари се говореше дека Барса е подготвена двојно да ги намали барањата но ниту тоа не помогна, па сега Самуел Умтити се нуди за да спаси некој милион при трансферот на Мемфис Депај.
Во меѓувреме, Мемфис Депај порача дека наскоро ќе седне на маса со Лион да разговара за можниот трансфер на Камп Ноу.
„Треба да почекаме и да видиме што ќе се случи. Утре ќе разговарам со Лион. Знам дека има интерес, но не можам да кажам ништо повеќе, не сум разговарал ниту со мојот агент“ – изјави Холанѓанецот.