Минатата сезона беше хит, во оваа ги однесе на дното – Унион Берлин му врачи отказ на тренерот!

by
1 минути читање

Тренерот кој на Унион Берлин му донесе огромен успех минатата сезона пласирајќи го во Лигата на шампионите, Урс Фишер доби и повеќе од доволен кредит пред денеска да му биде врачен отказ.

Унион Берлин оваа сезона е последен во Бундеслигата со само две победи и дури девет порази, има гол разлика од -15.

Очајни се резултатите и во Лигата на шампионите каде има три порази и едно реми.

Ако го немаше позитивниот багаж од минатата сезона, Фишер уште одамна ќе беше сменет на тренерската позиција.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×