Минаа точно две децении од најлудото финале во ЛШ! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

На денешен ден пред точно 20 години, Истанбул беше домаќин на најлудото финале во историјата на Лигата на шампионите – финале кое засекогаш ќе остане врежано во сеќавањата на фудбалските фанови.

Моќниот Милан, предводен од Карло Анчелоти и пред исполнет со ѕвезди како Малдини, Кака и Креспо, на полувреме водеше со убедливи 3-0. Се чинеше дека сè е решено, дека трофејот оди за „росонерите“.

Но Ливерпул имаше други планови. Во само седум минути – Џерард, Шмицер и Чаби Алонсо го направија невозможното: 3-3! Следуваа продолженија во кои Милан имаше повеќе од играта, но Јержи Дудек беше херојот на вечерта.

Во пенал-серијата, полскиот голман со неколку неверојатни одбрани, вклучувајќи го и последниот шут на Шевченко, го одведе Ливерпул до европската титула и испиша едно од најголемите „чуда“ во историјата на фудбалот.

Дваесет години подоцна, финалето во Истанбул 2005 останува ненадминато по драма, емоции и спектакл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани