Милнер кој го носи Лидс во срцето му честиташе на својот клуб: Се вративте таму каде што припаѓате (ФОТО)

by
1 минути читање

По цели 16
години, екипата каде што настапува нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски, Лидс
успеа да се врати во елитното фудбалско друштво на Островот, англиската
Премиерлига.

Честитки за
легендарниот клуб од „Еланд Роуд“ пристигнаа од повеќе страни, а радоста за тој
успех ја сподели и фудбалерот на Ливерпул, поранешен член на Лидс, Џејмс
Милнер.

„Честитки Лидс
напиша Милнер, додавајќи во својата објава дека клубот од „Еланд Роуд“ се
вратил онаму каде што припаѓа, а кога сме веќе кај Милнер, не можеме да го изоставиме фактот што тој е единствениот фудбалер кој настапуваше сезонава во Премиерлигата, како единствен од неговите поранешни соиграчи од Лидс.

class="twitter-tweet">

pic.twitter.com/AYYugyLL87

Ветеранот инаку беше дел од составот на Лидс две сезони во сениорска
конкуренција (2002/04), а потекнува токму од младинската школа на овој клуб, за
кого запиша 48 настапи, на кои постигна и 5 погодоци.

Лидс буди убави сеќавања кај големите љубители на фудбалот од минатото, па еве неколку факти од периодот кога овој клуб беше дел од Премиерлигата: Арсенал беше незапирлив, Порто на Жозе Мурињо ја освои Лигата на шампионите, Лионел Меси дебитираше за Барселона, з Роналдо, Зидан, Бекам, Фиго и Карлос беа дел од „ѕвездениот“ состав на Реал Мадрид.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×