Уште пред СП во Катар, од Лацио беше најавено дека на Милинковиќ-Савиќ ќе му биде понуден нов договор, свесни дека има голем интерес за него и дека има клубови кои може многу повеќе да му дадат како годишна плата од „орлите“. Последните најави од Италија, ама и од угледниот шпански „Релево“ е дека Србинот го одбил римскиот калчолигаш за понудата за нова соработка.
Ова сега најавува поинаков расплет во однос на тоа што очекуваше Клаудио Лотито, а Милинковиќ-Савиќ на лето ќе влезе во последната година од договорот и според најавите првиот човек на Лацио е подготвен да преговара за трансфер од 40 до 50 милиони евра, што е двојно помалку од тоа што бараше за продажба до неодамна.
Јувентус е најзагреан да го ангажира, веќе се поврзуваше Сергеј со „старата дама“ каде веќе играат двајца негови сонародници (Душан Влаховиќ и Филип Костиќ), а и Арсенал е ептен заинтересиран, но наводно Милинковиќ-Савиќ сонува да игра во Реал Мадрид.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.