Милиметри беа во прашање за Сасуоло прв да поведе против Рома (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рома славеше над Сасуоло
со 3-1 на домашен терен во редовното коло од италијанската Серија А, но, мечот
за Римската волчица можеше да тргне по не баш посакуван пат уште во осмата
минута од пресметката на Олимпико.

По еден корнер за
гостите Шик беше невнимателен и малку недостасуваше да си постигне автогол,
главниот арбитар од таа пресметка Пјеро Џакомели се реши да се консултира со
ВАР технологијата за да утврди дали топката ја мина гол линијата во таа
ситуација.

По разгледувањето
на снимките се утврди дека милиметри беа во прашање Сасуоло прв да поведе на
Олимпико, но, наместо тоа, две минути подоцна следеше првиот гол за домаќините,
дело на Пероти, а потоа и дуплирање на водството токму од страна на Шик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани