Јувентус се пласираше во полуфинале во Купот на Италија, избраниците на Макс Алегри убедливо го совладаа Фросиноне со 4-0.
Аркадиуш Милик беше играч на мечот, три пати ја тресеше мрежета и стана првиот фудбалер на Јувентус со хет-трик во купот по Алекс Дел Пјеро во 2006 година.
По крајот на натпреварот, Полјакот испрати порака до Макс Алегри и рече: „Не се гледам себеси како резерва, но изборот на крајот го прави тренерот“.
„Секогаш сум подготвен да му помогнам на тимот, и да им дадам поддршка на соиграчите. Доколку не можам да помогнам со голови, се обидувам да помогнам со други елементи“.
Напаѓачот потоа додаде: „Среќен сум што се пласиравме во полуфинале, среќен сум што постигнав хет-трик и помогнав да ја оствариме целта“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.