Милик силно се поврзуваше со трансфер во Рома и Јувентус, а во меѓувреме Наполи се засили со други напаѓачи.
Се пишува дека Милик треба да се пресели во Рома, а Џеко да стави потпис на договор со Јувентус. Но се уште нема ништо од ова.
„Скај Спорт Италија“ пишува дека Милик не е задоволен од понудите кои ги добил и сега сака да остане во Наполи, но Гатузо вели дека за него нема место.
„Доколку Милик не најде друг клуб, тогаш ситуацијата нема да биде лесна за него бидејќи ние веќе потпишавме со двајца други напаѓачи. Нема место за него“, вели Џенаро Гатузо.
Милик одби да потпише нов договор со Наполи, се очекуваше тој да оди во Јувентус кај неговиот поранешен тренер Сари, но во меѓувреме стратегот доби отказ.