Милик повторно стрелец, Јовиќ промаши пенал, Фиорентина и Јуве ги поделија бодовите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реми на „Артемио Франки“ во првиот натпревар од 5. коло во Серија А.

Јувентус рано поведе, Милик одлично се снајде во 9. минута и со стомак ја затресе мрежата за 0-1.

Фиорентина изедначи по половина час игра, по една контра, Куаме реализираше за 1-1.

Пред крајот на првиот дел, домаќините добија шанса од пенал да направат целосен пресврт, но Јовиќ лошо биеше од белата точка и Перин одбрани.

Во продолжението од мечот, двете екипи прикажаа премалку, па резултатот не се промени.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×