Милик објави слика која покажува дека голот на Јувентус е чист (ФОТО)

by
1 минути читање

Сепак она што е уште поспорно е позицијата на Кандрева кој беше блиску до корнер знаменцето и повеќето тв снимки не го регистрираа.

„Скај Спорт Италија“ измери дека Милик бил 2,9 метри далеку од гол линијата, а Бонучи 3,42 метри. Што значи дека Бонучи дури половина метар не бил во офсајд.

Главното прашање е дали ВАР кога мерел, го земал во предвид и Кандрева. Серија А тврди дека бил мерен и тој, но фотографиите покажуваат крајно сомнителна ситуација.

Милик на својот инстаграм профил објави стори од кое се гледа дека Бонучи не е во офсајд, Кандрева е поблиску до гол аут линијата.

Официјалната снимка за подвлечените линии, не го покажува Кандрева, а очигледно и не ја мери неговата позиција. Тоа значи дека Јувентус е оштетен.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК


Можно е и ова да ти се допаѓа

×