Меси имаше уште едно бледо издание, но заслужна за тоа беше и тактиката на Нагелсман, Аргентинецот едноставно немаше простор да ја игра својата игра.
На Меси не му оди со Баерн Минхен, ги загуби последните три натпревари против Баварците. Во дресот на Барселона беше понижен од германскиот гигант откако изгубија со 8-2, а сега е поразен како член на ПСЖ со 1-0 и 2-0.
Меси против Баерн има одиграно осум меча, двапати се радувал на победа, дури петпати загубил, постигнал четири гола.
„Против Меси, работите се одвиваат добро за нас кога станува збор за резултатите. На клупско ниво, Кристијано Роналдо беше наш проблем кога беше во Реал Мадрид“, вели Милер.
„Имам најголема почит за игрите на Меси на Светското првенство“, додава Германецот.
Баерн Минхен против Роналдо има осум меча, пет пати загубиле кога Португалецот бил од спротивната страна. Тој на овие мечеви има постигнато девет голови.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.